РКЕ со нова одлука: цената на бензините не се менува, дизелот поскапува!
Со последната одлука на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,36% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 23.05.2022 година
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, не се менуваат, односно остануваат на исто ниво, како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 23.05.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 95,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 97,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 23.05.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 86,00 ден/лит, додека малопродажната цена
Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 84,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,323 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 23.05.2022 година и со тоа Мазутот М-1 НС изнесува 54,640 ден/кг.
Во образложението на одлуката стои:
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 1,807% или за 22,400 $/тон, кај дизелот зголемување во просек за 3,943% или за 42,450 $/тон, кај екстра лесното масло зголемување во просек за 3,308 % или за 34,800 $/тон и кај мазутот зголемување во просек за околу 1,135% или за 7,400 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 57,9326 ден/$ и е за околу 1,602% понизок од курсот на доларот (58,8759 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.