РКЕ со нова одлука: Се намалува цената на бензините!
Со новата одлука на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,88% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 29.08.2022 година
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 29.08.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 87,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 90,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 29.08.2022 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 101,50 ден/лит, малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 97,50 ден/лит и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 53,955 ден/кг.
Во образложението на одлуката стои:
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 3,852% или за 35,200 $/тон, кај дизелот намалување во просек за 0,416% или за 4,800 $/тон, кај екстра лесното масло намалување во просек за 0,105% или за 1,150$/тон и кај мазутот намалување во просек за околу 0,587% или за 3,550 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 61,5802 ден/$ и е за околу 0,092 % понизок од курсот на доларот (61,6368 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка