РКЕ со нова одлука: Ново намалување на горивата од полноќ
Со последната одлука на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,42% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 21.07.2022 година
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 21.07.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 96,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 99,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 2,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 21.07.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 97,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 96,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 1,011 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 21.07.2022 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 52,466 ден/кг.
Во образложението на одлуката стои:
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 1,597% или за 17,150 $/тон, кај дизелот намалување во просек за 1,488% или за 16,250 $/тон, кај екстра лесното масло намалување во просек за 1,374 % или за 15,050 $/тон и кај мазутот зголемување во просек за околу 2,738% или за 15,850 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 60,7213 ден/$ и е за околу 0,263% понизок од курсот на доларот (60,8813 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.