РКЕ: Се намалува цената на бензините, дизелот без промена
Со последната одлука на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,27%, во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на РКЕ на Република Северна Македонија од 22.11.2021 година
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 0,50 денари/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 22.11.2021 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 74,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 76,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 65,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 22.11.2021 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 66,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,298 денар/килограм, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 22.11.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 41,543 ден/кг.
Во образложението на одлуката стои:
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат намалување кај бензинот во просек за 2,572% или за 19,200 $/тон, кај дизелот намалување во просек за 2,001 % или за 13,600 $/тон, кај екстра лесното масло намалување во просек за 2,247 % или за 14,950 $/тон, и кај мазутот намалување во просек за околу 0,493 % или за 2,500 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 54,8532 ден/$ и е за околу 1,215 % повисок од курсот на доларот (54,1949 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.