Со оваа одлука се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек
за 0,96% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за
утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 31.03.2022
година

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 31.03.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 83,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 85,50 ден/лит, додека малопродажната цена Мазутот М-1 НС изнесува 56,130 ден/кг.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 31.03.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 83,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 79,50 ден/лит.

Во образложението на одлуката стои: 

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 0,957% или за 10,250 $/тон, кај дизелот намалување во просек за 2,962% или за 34,750 $/тон, кај екстра лесното масло намалување во просек за 2,851 % или за 31,150 $/тон, и кај мазутот намалување во просек за околу 1,510% или за 10,750 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 55,9286 ден/$ и е за околу 0,254 % понизок од курсот на доларот (56,0709 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.