РКЕ: Од утре поевтини дизелот и Еуросупер БС-98. Еуросупер БС-95 без промена!
Со последната одлука на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,85% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 07.07.2022 година
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува, односно останува на исто ниво, како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 07.07.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 105,50 ден/лит.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 , се намалува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 07.07.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 107,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 07.07.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува исто така 100,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваа за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 07.07.2022 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 98,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,661 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 07.07.2022 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 50,903 ден/кг.
Во образложението на одлуката стои:
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 1,601% или за 20,150 $/тон, кај дизелот намалување во просек за 2,615% или за 31,300 $/тон, кај екстра лесното масло намалување во просек за 2,965 % или за 34,600 $/тон и кај мазутот намалување во просек за околу 2,754% или за 16,500 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 59,8416 ден/$ и е за околу 1,032 % повисок од курсот на доларот (59,2305 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.