РКЕ: Од денес нови пониски цени на горивата!
Со последната одлука на РКЕ се изврши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,58%, во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на РКЕ на Република Северна Македонија од 16.08.2021 година
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 1,00 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 16.08.2021 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 70,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 61,00 ден/лит.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалува за 1,50 денар/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на
нафтените деривати и горива за транспорт од 16.08.2021 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 72,00 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 16.08.2021 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 61,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,751 денар/килограм, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 16.08.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 35,930 ден/кг.
Во образложението на одлуката стои:
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат намалување кај бензинот во просек за околу 3,794 % или за 26,650 $/тон, кај дизелот намалување во просек за околу 2,287 % или за 13,150 $/тон, кај екстра лесното масло намалување во просек за околу 2,886 % или за 16,400 $/тон, и кај мазутот намалување во просек за околу 2,781 % или за околу 12,350 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 52,3615 ден/$ и е за околу 0,043 % повисок од курсот на доларот (52,3391 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.