Со последната одлука на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,88% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 18.07.2022 година

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 , се намалуваат за 2,50 ден/лит, односно за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 18.07.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 98,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 101,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат, односно остануваат на исто ниво, како што биле определени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 18.07.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 100,00 ден/лит, малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 98,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 50,044 ден/кг.

Во образложението на одлуката стои: 

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 3,927% или за 44,400 $/тон, кај дизелот намалување во просек за 0,897% или за 10,250 $/тон, кај екстра лесното масло намалување во просек за 1,042 % или за 11,650 $/тон и кај мазутот зголемување во просек за околу 1,983% или за 11,050 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 61,1256 ден/$ и е за околу 0,09% повисок од курсот на доларот (61,0708 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.