РКЕ: Од утре нови намалени цени на бензините!
Со последната одлука на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,82% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 15.07.2022 година
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 , се намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.07.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 101,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 103,00 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), не се менува, односно останува на исто ниво, како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.07.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува исто така 100,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.07.2022 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 98,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,859 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.07.2022 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 50,044 ден/кг.
Во образложението на одлуката стои:
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 2,610% или за 30,300 $/тон, кај дизелот намалување во просек за 1,943% или за 22,650 $/тон, кај екстра лесното масло намалување во просек за 1,302 % или за 14,750 $/тон и кај мазутот намалување во просек за околу 4,368% или за 24,450 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 61,0708 ден/$ и е за околу 0,306 % повисок од курсот на доларот (60,8843 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.