Со последната одлука на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,91%, во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на РКЕ на Република Северна Македонија од 03.08.2021 година

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕ V), се намалуваат за 1,00 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 03.08.2021 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 72,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 74,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 62,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 1,50 денар/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 03.08.2021 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 62,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,105 денар/килограм, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 03.08.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 36,876 ден/кг.

Во објаснувањето на одлуката за зголемување на цените стои:

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат намалување кај бензинот во просек за околу 2,646 % или за 19,500 $/тон, кај дизелот намалување во просек за околу 3,041 % или за 18,350 $/тон, кај екстра лесното масло намалување во просек за околу 2,917 % или за 17,400 $/тон, и кај мазутот намалување во просек за околу 3,215 % или за околу 15,050 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 51,7765 ден/$ и е за околу 0,548 % понизок од курсот на доларот (52,0620 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.