РКЕ: Од утре драстичен пад на цената на горивата
Со последната одлука на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,99% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 01.08.2022 година
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 3,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 05.08.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 90,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 87,50 ден/лит.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 05.08.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 92,00 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 3,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 05.08.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 90,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,557 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 05.08.2022 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 52,786 ден/кг.
Во образложението на одлуката стои:
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 3,569% или за 34,900 $/тон, кај дизелот намалување во просек за 2,117% или за 21,550 $/тон, кај екстра лесното масло намалување во просек за 2,960% или за 29,000 $/тон и кај мазутот намалување во просек за околу 1,402 или за 8,600 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 60,2433 ден/$ и е за околу 0,117 % понизок од курсот на доларот (60,3137 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.