РКЕ: Од утре 95-ката поевтина, останатите горива без промена на цената!
Со последната одлука на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,51%, во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на РКЕ на Република Северна Македонија од 10.05.2021 година
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се намалува за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 10.05.2021 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 68,00 ден/лит.
Малопродажните цени бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 10.05.2021 година и со тоа, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 70,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 60,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 59,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,647 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 10.05.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 34,596 ден/кг.