РКЕ: Од полноќ зголемување на цената на ЕУРОСУПЕР БС-98!
Со денешната одлука на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,19% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 31.10.2022 година
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 31.10.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 94,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 3,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 31.10.2022 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 93,00 ден/лит.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 31.10.2022 година и со тоа малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, изнесува 90,50 ден/лит, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 99,00 ден/лит и на Мазутот М-1 НС изнесува 50,067 ден/кг.
Во образложението на одлуката стои:
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 4,045% или за 37,050 $/тон, кај дизелот намалувањето е во просек за 1,262% или за 13,900 $/тон, кај екстра лесното масло намалување во просек за 3,443% или за 36,200 $/тон и кај мазутот зголемување во просек за околу 0,827% или за 4,500 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 61,8430 ден/$ и е за околу 0,859% понизок од курсот на доларот (62,3787 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.