РКЕ: Од полноќ се зголемува цената на бензините, а се намалува на дизелот!
Со новата одлука на РКЕ е извршено зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,84% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 19.12.2022 година
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 19.12.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95, изнесува 77,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 79,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 19.12.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 80,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 19.12.2022 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 78,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,360 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 19.12.2022 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 40,593 ден/кг.
Во образложението на одлуката стои:
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 3,395% или за 24,150 $/тон, кај дизелот намалувањето е во просек за 1,316% или за 11,500 $/тон, кај екстра лесното масло намалувањето е во просек за 0,914% или за 7,650 $/тон и кај мазутот зголемување во просек за околу 5,081% или за 21,900 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 58,0383 ден/$ и е за околу 0,386% понизок од курсот на доларот (58,2630 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.