РКЕ: Од Полноќ се намалува цената на ЕУРОСУПЕР БС-98
Со денешната одлука на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,12% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 16.11.2022 година
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 16.11.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 92,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,660 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 16.11.2022 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 45,962 ден/кг.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 16.11.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 91,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 93,00 ден/лит и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 88,00 ден/лит.
Во образложението на одлуката стои:
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 1,881% или за 18,100 $/тон, кај дизелот намалувањето е во просек за 1,145% или за 11,800 $/тон, кај екстра лесното масло намалување е во просек за 1,165% или за 11,050 $/тон и кај мазутот намалување во просек за околу 2,707% или за 14,200 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 60,0343 ден/$ и е за околу 1,517% понизок од курсот на доларот (60,9590 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.