Со последната одлука на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,41% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 19.10.2022 година

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 19.10.2022 година и со тоа малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, изнесува 88,00 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, изнесува 90,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 19.10.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 100,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалува за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 19.10.2022 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 97,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,436 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 19.10.2022 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 49,483 ден/кг.

Во образложението на одлуката стои: 

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 1,397% или за 12,300 $/тон, кај дизелот намалувањето е во просек за 2,840% или за 32,600 $/тон, кај екстра лесното масло намалување во просек за 1,931% или за 20,750 $/тон и кај мазутот намалување во просек за околу 0,422% или за 2,250 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 62,9053 ден/$ и е за околу 0,574% понизок од курсот на доларот (63,2685ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.