РКЕ: Од полноќ нови повисоки цени на горивата!
Со новата одлука на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,92% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 13.02.2022 година
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 13.02.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 82,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 77,00 ден/лит.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 13.02.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 84,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемува за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 13.02.2023 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 76,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,065 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 13.02.2023 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 42,262 ден/кг.
Во образложението на одлуката стои:
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 0,733% или за 6,100 $/тон, кај дизелот зголемувањето е во просек за 0,860% или за 6,950 $/тон, кај екстра лесното масло зголемувањето е во просек за 2,010% или за 15,800 $/тон и кај мазутот намалување во просек за околу 0,630% или за 3,050 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 57,6212 ден/$ и е за околу 0,712% повисок од курсот на доларот (57,2140 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.