![РКЕ: Од полноќ нова повисока цена и на ЕУРОСУПЕР БС-95!](https://dodajgas.mk/wp-content/uploads/2020/09/shutterstock_349598420-scaled.jpg)
РКЕ: Од полноќ нова повисока цена и на ЕУРОСУПЕР БС-95!
Со денешната одлука на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,44% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 03.11.2022 година
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 03.11.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 92,50 ден/лит.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 03.11.2022 година и со тоа малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, изнесува 94,50 ден/лит, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 99,00 ден/лит, на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 93,00 ден/лит и на Мазутот М-1 НС изнесува 50,067 ден/кг.
Во образложението на одлуката стои:
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 1,028% или за 9,800 $/тон, кај дизелот намалувањето е во просек за 0,871% или за 9,600 $/тон, кај екстра лесното масло намалување во просек за 0,611% или за 6,200 $/тон и кај мазутот намалување во просек за околу 0,147% или за 0,800 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 61,9975 ден/$ и е за околу 0,250% повисок од курсот на доларот (61,8430 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.