РКЕ: Од полноќ мало зголемување на цената на бензините
Со последната одлука на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,58% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 11.08.2022 година
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се зголемува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 11.08.2022 година и со тоа малопродажната цена на
ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 88,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 11.08.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 90,00 ден/лит.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 11.08.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 91,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 86,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,028 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 11.08.2022 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 52,814 ден/кг.
Во образложението на одлуката стои:
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 2,140% или за 19,350 $/тон, кај дизелот зголемување во просек за 2,090% или за 20,350 $/тон, кај екстра лесното масло зголемување во просек за 2,044% или за 18,750 $/тон и кај мазутот зголемување во просек за околу 1,868 или за 11,150 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 59,9885 ден/$ и е за околу 0,418 % понизок од курсот на доларот (60,2405 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.