Со последната одлука на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,11% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 07.12.2022 година

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се намалува за 3,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 07.12.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95, изнесува 77,50 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалува за 4,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 07.12.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98, изнесува 79,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 5,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 07.12.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 79,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 4,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 07.12.2022 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 77,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 2,115 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 07.12.2022 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 40,056 ден/кг.

Во образложението на одлуката стои: 

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 8,708% или за 69,600 $/тон, кај дизелот намалувањето е во просек за 8,110% или за 74,550 $/тон, кај екстра лесното масло намалување е во просек за 8,044% или за 69,700 $/тон и кај мазутот намалување во просек за околу 5,226% или за 24,250 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 58,6162 ден/$ и е за околу 0,588% понизок од курсот на доларот (58,9630 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.