РКЕ: Од полноќ дизелот поевтин, Еуросупер БС-98 поскап!
Со новата одлука на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,43% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 12.10.2022 година
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 12.10.2022 година и со тоа малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, изнесува 89,00 ден/лит.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 12.10.2022 година и со тоа малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, изнесува 91,50 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се намалуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 12.10.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 103,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 98,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,886 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 12.10.2022 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 51,034 ден/кг.
Во образложението на одлуката стои:
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 1,57% или за 14,050 $/тон, кај дизелот намалувањето е во просек за 1,624% или за 18,950 $/тон, кај екстра лесното масло намалување во просек за 2,02% или за 24,200 $/тон и кај мазутот намалување во просек за околу 4,209% или за 24,100 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 63,2196 ден/$ и е за околу 1,071% повисок од курсот на доларот (62,5500 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.