РКЕ: Од полноќ бензините поевтинуваат, дизелот без промена!
Со последната одлука на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,13% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 11.07.2022 година
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 3,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 11.07.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 102,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 104,50 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат, односно остануваат на исто ниво, како што биле определени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 11.07.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 100,00 ден/лит, малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 98,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 50,903 ден/кг.
Во образложението на одлуката стои:
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 6,272% или за 77,700 $/тон, кај дизелот намалување во просек за 2,286% или за 26,650 $/тон, кај екстра лесното масло намалување во просек за 1,722 % или за 19,500 $/тон и кај мазутот намалување во просек за околу 3,656% или за 21,300 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 60,8843 ден/$ и е за околу 1,742 % повисок од курсот на доларот (59,8416 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.