Со последната одлука на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,14%, во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на РКЕ на Република Северна Македонија од 20.12.2021 година

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 денари/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 20.12.2021 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 73,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 75,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 0,50 денари/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 20.12.2021 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 64,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 20.12.2021 година и со тоа и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 64,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,504 денар/килограм, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 20.12.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 39,360 ден/кг.

Во образложението на одлуката стои: 

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат зголемување кај бензинот во просек за 1,238 % или за 8,700 $/тон, кај дизелот зголемување во просек за 0,08 % или за 0,500 $/тон, кај екстра лесното масло намалување во просек за 0,112 % или за 0,700 $/тон, и кај мазутот намалување во просек за околу 1,447 % или за 6,950 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 54,5538 ден/$ и е за околу 0,154 % понизок од курсот на доларот (54,6380 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.