Со последната одлука на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,99% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 01.08.2022 година

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.08.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 93,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 96,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 2,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.08.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 93,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 3,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.08.2022 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 91,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, не се менува останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.08.2022 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 53,343 ден/кг.

Во образложението на одлуката стои: 

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 3,171% или за 33,050 $/тон, кај дизелот намалување во просек за 3,728% или за 40,150 $/тон, кај екстра лесното масло намалување во просек за 4,476% или за 47,150 $/тон и кај мазутот зголемување во просек за околу 1,600 или за 9,750 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 60,3637 ден/$ и е за околу 0,224 % понизок од курсот на доларот (60,4991 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.