РКЕ: Од денес дизелот со нова, повисока цена!
Со последната одлука на РКЕ се изврши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,91% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 15.08.2022 година
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.08.2022 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 88,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 91,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 52,814 ден/кг.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.08.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 92,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 88,50 ден/лит.
Во образложението на одлуката стои:
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 0,179% или за 1,650 $/тон, кај дизелот зголемување во просек за 3,807% или за 37,850 $/тон, кај екстра лесното масло зголемување во просек за 3,803% или за 35,600 $/тон и кај мазутот намалување во просек за околу 1,760 или за 10,700 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 60,0551 ден/$ и е за околу 0,111 % повисок од курсот на доларот (59,9885 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.