РКЕ: Од денес бензините и дизелот со драстично намалена цена!
Со последната одлука на РКЕ е извршено намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,92%, во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на РКЕ на Република Северна Македонија од 15.03.2022 година
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалени за 5,00 денари/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.03.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 81,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 83,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) е намалена за 6,00 денари/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.03.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 79,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) е намалена за 5,50 денари/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.03.2022 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 75,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС е намалена за 2,550 денар/килограм во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.03.2022 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 56,749 ден/кг.
Во образложението на одлуката стои:
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија на 16.03.2022 година, одржа седница на која донесе Одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, со што се изврши усогласување со измените утврдени во член 92 од Законот за изменување и дополнување на Законот за акцизи („Службен весник на Република Северна Македонија“бр.57/22).
Со денешната Одлука за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, променета е акцизата, која влегува во структурата при формирањето на највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт. Како резултат на зголемувањето на берзанските цени на нафтените продукти: Prem Unl 10 ppm, 10 ppm ULSD и Gasoil 0,1% со котација „Mediterranean cargoes FOB (Italy) од Platt’s European Marketscan“, во изминатиот петнаесет дневен период, се создадоа услови вредностите на дополнителното намалување на акцизите (ДНА) за безоловен бензин, за гасно масло како погонско гориво и за гасно масло како гориво за греење, да изнесуваат 2,00 денари за литар. (во согласност со членот 92, став (11), точки 1), 2) И 3) , потточка б) од Законот за
изменување и дополнување на Законот за акцизи).
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 4,533% или за 49,900 $/тон, кај дизелот намалување во просек за 7,922% или за 90,550 $/тон, кај екстра лесното масло намалување во просек за 7,911% или за 84,200 $/тон, и кај мазутот намалување во просек за околу 4,928% или за 37,300 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 56,1711 ден/$ и е за околу 0,119 % понизок од курсот на доларот (56,2382 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.