Со последната одлука на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,24%, во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на РКЕ на Република Северна Македонија од 03.01.2021 година

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 0,50 денари/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 03.01.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 77,50 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 2,00 денари/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 03.01.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 67,50 ден/лит и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 67,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,514 денар/килограм, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 03.01.2022 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 41,724 ден/кг.

Во образложението на одлуката стои: 

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат зголемување кај бензинот во просек за 2,051 % или за 15,200 $/тон, кај дизелот зголемување во просек за 4,978 % или за 32,550 $/тон, кај екстра лесното масло зголемување во просек за 5,031 % или за 32,750 $/тон, и кај мазутот зголемување во просек за околу 4,704 % или за 22,950 $ тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 54,4905 ден/$ и е за околу 0,101% повисок од курсот на доларот (54,4357 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.