Со последната одлука на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,23%, во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на РКЕ на Република Северна Македонија од 12.10.2021 година

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-ЕV) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,00 ден/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 12.10.2021 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 76,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 78,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 68,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 68,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,249 денар/килограм, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 12.10.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 43,010 ден/кг.

Во образложението на одлуката стои: 

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат зголемување кај бензинот во просек за околу 2,197% или за 17,050 $/тон, кај дизелот зголемување во просек за околу 2,842 % или за 20,000 $/тон, кај екстра лесното масло зголемување во просек за 2,853 % или за 19,800 $/тон, и кај мазутот зголемување во просек за околу 0,554 % или за околу 2,950 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 53,3169 ден/$ и е за околу 0,164 % повисок од курсот на доларот (53,2298 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.