Со последната одлука на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,48%, во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на РКЕ на Република Северна Македонија од 30.08.2021 година

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕ V), се зголемуваат за 1,00 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 30.08.2021 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 72,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 74,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 63,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 30.08.2021 година, и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 63,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,824 денар/килограм, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 30.08.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 37,843 ден/кг.

Во образложението на одлуката стои: 

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат зголемување кај бензинот во просек за околу 3,506 % или за 24,250 $/тон, кај дизелот зголемување во просек за околу 3,108 % или за 18,150 $/тон, кај екстра лесното масло зголемување во просек за околу 2,719 % или за 15,700 $/тон, и кај мазутот зголемување во просек за околу 3,856 % или за околу 17,300$/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 52,0618 ден/$ и е за околу 0,724 % понизок од курсот на доларот (52,4414 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.