Со последната одлука на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,42% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 25.07.2022 година

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), и на Мазутот М-1 НС не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 25.07.2022 година и со тоа со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 95,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 98,00 ден/лит, малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 94,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 52,840 ден/кг.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 25.07.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 94,00 ден/лит.

Во образложението на одлуката стои: 

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 1,645% или за 17,200 $/тон, кај дизелот намалување во просек за 2,347% или за 25,550 $/тон, кај екстра лесното масло намалување во просек за 2,102% или за 22,350 $/тон и кај мазутот намалување во просек за околу 0,05% или за 0,300 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 60,2075 ден/$ и е за околу 0,465 % понизок од курсот на доларот (60,4887 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.