РКЕ: Конечно поголем пад на цената на бензините и дизелот
Со последната одлука на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,28%, во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на РКЕ на Република Северна Македонија од 29.11.2021 година
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕ V), се намалуваат за 3,50 денари/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 29.11.2021 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 71,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 73,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 63,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 3,00 денари/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 29.11.2021 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 62,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 3,016 денар/килограм, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 29.11.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 38,527 ден/кг.
Во образложението на одлуката стои:
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат намалување кај бензинот во просек за 8,896 % или за 64,700 $/тон, кај дизелот намалување во просек за 8,559 % или за 57,000 $/тон, кај екстра лесното масло намалување во просек за 8,364 % или за 54,400 $/тон, и кај мазутот намалување во просек за околу 8,599 % или за 43,350 $ тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 54,5245 ден/$ и е за околу 0,599 % понизок од курсот на доларот (54,8532 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.