РКЕ: Дизелот од утре со нова намалена цена. Бензините без промена!
Со последната одлука на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,85% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 29.06.2022 година
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 29.06.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 109,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 111,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 53,305 ден/кг.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 2,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 29.06.2022 година и со тоа година малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 104,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1 ) се намалува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 29.06.2022 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 103,00 ден/лит.
Во образложението на одлуката стои:
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 0,573% или за 7,700 $/тон, кај дизелот намалување во просек за 3,326% или за 43,550 $/тон, кај екстра лесното масло намалување во просек за 3,241% или за 41,550 $/тон и кај мазутот зголемување во просек за околу 1,197% или за 7,550 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 58,5713 ден/$ и е за околу 0,013 % понизок од курсот на доларот (58,5790 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.