Со последната одлука на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,56%, во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на РКЕ на Република Северна Македонија од 14.02.2022 година

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 0,50 денари/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 14.02.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 82,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 84,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 73,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 14.02.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 74,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,430 денар/килограм, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 14.02.2022 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 46,921 ден/кг.

Во образложението на одлуката стои: 

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат зголемување кај бензинот во просек за 0,508% или за 4,550 $/тон, кај дизелот зголемување во просек за 0,092% или за 0,750 $/тон, кај екстра лесното масло намалување во просек за 0,337% или за 2,700 $/тон, и кај мазутот зголемување во просек за околу 0,389% или за 2,300 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 54,2907 ден/$ и е за околу 0,657 % повисок од курсот на доларот (53,9362 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.