Римац во Женева ќе го претстави серискиот C-Two
Сериската верзија на вториот модел на Rimac Automobili ќе дебитира на Саемот за автомобили во Женева во март, а најавен е и нов центар за истражување и развој во Велика Британија
Компанијата Rimac Automobili, основана од Хрватот Мате Римац, стана позната по прототиповите на хиперспортски електрични автомобили, за да потоа следи и соработка со големи имиња во автомобилската индустрија како Porsche, McLaren, Koenigsegg, Hyundai …
Во интервју за Autocar, основачот и сопственик, Мате Римац открива некои планови за иднината на компанијата.
Тој вели дека во моментов во компанијата се фокусирани на подготовка на производната верзија на електричниот автомобил C_Two, чија финална верзија ќе биде изложена на Саемот за автомобили во Женева во месец март наредната година.
Производството на овој автомобил би требало да започне до крајот на следната година, а во план се само 150 примероци.
Погонскиот систем се состои од 4 електрични мотори, секој сместен во едно од тркалата. Вкупната моќност ќе биде 1.914 КС, а максималниот вртежен момент е 2.300 Nm. Електрична енергија ќе се складира во батерии од 120 kWh, што ќе му дозволи на C_Two да има автономија од околу 650 километри со едно полнење.
Перформансите се импресивни. Од 0-96 km/h автомобилот ќе забрзува за само 1,85 секунди, а до 160 km/h за само 4,3 секунди. Најголемата брзина ќе биде 412 km/h.
Продукцискиот Rimac C_Two ќе добие нова ознака, но Мате Римац засега не го открива името за серискиот модел.
Во интервјуто за Autocar, Римац исто така вели дека планот е да се отвори заеднички центар за истражување и развој во соработка со британската компанија HR Owen, која ќе биде лоцирана на земјата.
Тој вели дека сака да работи со британски инженери и смета дека тие се меѓу најдобрите во Европа.