Rimac собира 130-150 милиони евра свеж капитал поради преземањето на Bugatti
Porsche ќе учествува во собирањето на 130-150 милиони евра свеж капитал на Rimac Automobili, кој хрватската компанија ќе го користи за преземање на Bugatti, вели Мате Римац за Automobilwoche.
Собирањето средства треба да заврши за два до три месеци, а следниот круг е планиран за крајот на годината, вели Римац за споменатото списание.
Porsche поседува 15,5% од акциите на Rimac Automobili и може да го зголеми својот удел на нешто помалку од 50% во зделката што би вклучувала и трансфер на супер брендот Bugatti кој сега е под капата на Volkswagen, на Rimac, пишува Automobilwoche.
Извршниот директор на Porsche, Оливер Блуме, на почетокот на овој месец изјави дека во тек се интензивни дискусии за иднината на Bugatti и дека Rimac би можел да игра позитивна улога бидејќи брендовите се во добра технолошка состојба, додавајќи дека се очекува одлука во првата половина на 2021 година.
Rimac Automobili разви електрична платформа за суперавтомобили која ја испорачува на други производители на автомобили, вклучувајќи ги и автомобилите на Pininfarina.
„Супер автомобилите имаат ограничен пазар, пазарот на компоненти е многу поголем. Затоа планираме да ја прошириме нашата компанија“, вели Мате Римац за Automobilwoche. „Тоа вклучува планови за повеќе од двојно зголемување на работната сила на Rimac Automobili до почетокот на 2023 година односно на 2.500 од сегашните 1.000, додава Римац.