Револуционерен визир на Bosch спречува заслепување на возачот / ВИДЕО
Bosch направил визир кој не пропушта сончеви зраци, а во исто време не ја намалува видливоста
Во светот на автомобилите, технологијата е особено моќна работа. Екрани, сензори, автоматски системи за возење, навигациони и безбедносни системи… Сето тоа е веќе одамна смислено и на пазарот.
Понекогаш логично се поставува прашањето дали има уште нешто да се смисли? Епа има. Bosch нашол начин да направи револуција односно да смисли начин како да ги блокира сончевите зраци за тие веќе да не ги заслепуваат возачите. Станува збор за дисплеј од течен кристал кој селективно ја блокира сончевата светлина и обезбедува максимална видливост. Bosch тоа го нарекува „Виртуелен визир“.
Истражувањата покажуваат дека годишно се случуваат илјадници сообраќајни несреќи предизвикани токму од заслепување на возачот од сончевата светлина. Сега Bosch има решение.
Виртуелниот визир е нешто повеќе од LCD. Функционира така што се поврзува со возачот преку мониторинг систем и со помош на вештачка интелигенција го лоцира неговото лице, ги следи сенките и контролира колку светлина може да стигне до очите на возачот, овозможувајќи непречено возење.
Овој револуционерен виртуелен визир како што го нарекуваат од Bosch е штотуку презентиран на Саемот за потршувачка електроника, CES 2020, во Лас Вегас.