Револуција или идиотизам? Велосипед со квадратни тркала / ВИДЕО
Коцкастите тркала на почетокот изгледаат како една огромна глупост, но тие ја исполнуваат својата функција
Со пронаоѓањето на тркалото, цивилизацијата направи голем чекор напред. Еден од најголемите пронајдоци во историјата на човештвото започна вистинска револуција, но се чини дека тркалезното решение на тркалото не им одговара на поединци.
Инженерите кои стојат зад каналот на YouTube „The Q“, ја претставија својата верзија на велосипед кој се тркала на коцкасти тркала.
Иако на почетокот изгледаат како една голем глупост, коцкастите тркала имаат смисла бидејќи ја исполнуваат основната функција, особено ако возите на рамни површини. Сепак, ова решение е далеку од идеално.
Самите тркала воопшто не се тркалаат нанапред на подлогата, туку нивните гуми создаваат газен слој кој се тркала околу надворешната страна на секое тркало. Како гасеница, долниот раб на секое тркало лизга по подлогата.
Според видеото, возењето изгледа прилично бучно, а се создава и голем отпор при тркалањето.
Во коментарите под видеото, инженерите добиле многу комплименти, но тешко е да се поверува дека нивниот велосипед на коцки тркала ќе стане превозно средство.