Покрај стилските подобрувања, рестилизираниот Ford Mondeo ќе понуди и новат моторизација, како и караванска верзија со хибриден погон

И покрај гласините за евентуално повлекување на Mondeо од Европа, Ford на европските потрошувачи сепак ќе понуди рестилизирана верзија на овој модел.

Стилските промени на надворешноста се дискретни, а од страна на производителот ги истакнуваат разликите помеѓу одделни софтверски пакети – Titanium, ST-Line и Vignale.

Секој пакет добил нова решетка на ладилникот. Верзијата Titanium се препознава по решетката со хоризонтални хромирани лајсни, додека истата кај ST-Line и Vignale пакетите на опрема е со каскадна форма, со тоа што кај ST-Line е сосема црна. Променет е дизајнот на браникот, а тука се и нови алуминиумски фелни од 17 и 18 инчи. Кога сме кај фелните, достапни се и оние од 19 инчи со таканаречена Liquid Aluminum завршна работа.

Кога станува збор за салонскиот дел, моделите со 8-степена автоматска трансмисија имаат редизајнирани команди на менувачот, што придонело за зголемување на корисниот простор за складирање на ситници на централната конзола. На корисниците ќе им биде достапен и нов тапацир на седиштата.

Најзначајните промени се однесуваат на моторизацијата. По прв пат, караванското Mondeo доаѓа и во хибридна верзија.

Овој караван со хибриден погон е опремен со 2.0-литарски бензински мотор, електромотор и литиум-јонска батерија со капацитет од 1,4 kWh. Вкупната комбинирана моќност на системот е 187 КС (137 kW), а до тркала се пренесува со помош на новоразвиен автоматски менувач кој во работата се однесува слично на CVT системот за пренос.

Со помош на технологијата за регенеративно сопирање, хибридното Mondeo во просек троши 4,4 l / 100 km, барем според фабричките податоци.

Нов е и 2.0-литарскиот EcoBlue дизел мотор, кој може да се нарача во три верзии – 120 КС (88 kW), 150 КС (110 kW) и 190 КС (140 kW). Првиот е достапен само во комбинација со 6-брзински мануелен менувач, додека за останатите две верзии опционално е достапен и 8-степен автоматик.

Дизелската понуда на Mondeo опционално доаѓа и со погон на сите тркала.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1swXVfkI9hVHiqf_dAs409R87oX8PDtU6″ maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]