Рестилизираната BMW Серија 7 веќе може да се види по улиците, а иако е камуфлирана, сепак, некои работи веќе се видливи

Освежената „седмица“ ќе добие нова маска на ладилникот, нови светла и целосно дигитален кластер на инструменти.

Се разбира, станува збор за првиот прототип на G11 серија 7 во M760 форма со V12 мотор. Сосема е сигурно дека BMW има поставено курс кон имплементирање на поизразени „бубрези“, а ревидирани се и задните светла, кои ќе дојдат во малку поелегантен облик.

Главната вест е дека за прв пат во еден сериски БМВ ќе имаме комплетно дигитална инструмент табла, директно „позајмена“ од концептот на Серија 8.