Новиот рестилизиран MINI добива нов лесен дизајн, технолошки подобрувања кои вклучуваат автоматски менувач, а испораките на освежениот MINI се очекуваат на пролет

На некои пазари многу успешен (осмо место на листата на најдобро продавани модели во Велика Британија), на други само успешен, MINI е предмет на значителни промени во средината на неговиот животен циклус, со што пазарната 2018 година ја започнува со уште поголеми изгледи за успех.

Меѓу подобрувањата се LED светлата, кои сега се дел од стандардната опрема, нови технолошки решенија и автоматски менувач со двојна спојка. Производството на рестилизираниот модел со три и пет врати, како и оној во кабриолет издание, започнува во објектите лоцирани во ОксFord во месец март. Испораката до клиентите треба да следи веднаш откако од фабричките линии ќе се симнат првите примероци.

Најголемите визуелни промени се однесуваат на новите задни светлосни групи во LED технологијата, со печатено знаме по должина. Таквите светла ќе бидат дел од стандардната опрема за пазарот во Обединетото Кралство. Новината ќе се приклучи кон новиот сет на предни светлосни групи со иста технологија, карактеристични по тоа што ќе имаат еден прстен предвиден за дневно светло, како и едно куќиште за индикаторот за насока. Новите светлосни групи ќе поседуваат Matrix LED систем за осветлување – прв од овој тип во класата (сепак како опција).

Во останатите сегменти, стилските промени се еволутивни, заедно со променето лого на брендот кое може да се забележи од двата краја на возилото. Тука се и трите нови бои за каросеријата, како и нов дизајн на тркала со опционални тримови во 3D технологија.

Секој нов модел ќе има колор екран на допир со дијагонала од 6.5-инчи, вклучувајќи и Bluetooth функција. Возачите ќе можат да уживаат во iDrive ротирачки прекинувач во стилот на BMW, на централната конзола. Тука е, се разбира, и мултифункционалниот обрач на управувачот. На новиот екран на допир, возачите на Mini ќе можат да користат и навигација, ако се разбира ја нарачаат од богата листа на додатоци. Да не ги заборавиме и новите услуги за поврзување, како што се информации за сообраќајот во реално време (достапноста на оваа опција е зависна од пазарот). Меѓу опциите, дефинитивно треба да се издвои можноста за безжично полнење на паметен телефон, како и дополнителната USB порта. Интересна опција е новата апликација MINI Find Mate која ќе обезбеди можност за изнаоѓање изгубени предмети, како што се клучеви, торби или мобилни телефони.

Суспензијата, шасијата и управувачкиот систем остануваат непроменети, но MINI One наследува верзија на 3-цилиндерскиот турбо бензински мотор со волумен од 1,5 литри, се разбира унапреде, со цел подобра ефикасност. Агрегатот ќе биде располага со идентична моќност, додека вртежниот момент ќе се зголеми за 10 Nm. Сето ова, нема да има никакво влијание врз перформансите.

Другите агрегати се предмет на благи модификации кои треба да донесат подобра динамика на возење, но исто така и значително подобри бројки за потрошувачката на гориво. Во верзиите Cooper, погонските единици би требало да бидат 10% поефикасни од претходно. Сите агрегати во понудата ќе бидат покриени со ултра лесна пластика појачана со јаглеродни влакна.

Моделите One, One D и Cooper D добиваат нова седум-степена автоматска трансмисија со двојна спојка, додека моделите Cooper SD и палетата JCW, ќе го користат извонредниот и докажан осум-брзински автоматски менувач со конвертор на вртежниот момент. Рачниот пренос останува стандарден, во целата понуда.

Интелигентниот старт / стоп систем, сега ги користи камерата и навигацијата за да го исклучи моторот во секоја можна ситуација. Возилата кои се опремени со избор на режим за возење, сега ќе имаат инсталирано апликација која ќе им помага на возачите да возат поефикасно, во однос на потрошувачката на гориво.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1MrWN6OkTEoIG3pjzUYuFE-C6fxLWga3h” maxheight=”780px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Цените и точните спецификации ќе бидат објавени по дебиот на North American International Auto Show во Детроит од 14-21 јануари, иако треба да се каже дека се очекува малку повисока цена.