Рестилизираниот Kia Sportage добива реструктурирана хиерархија во однос на нивото на опрема и неколку технолошки подобрувања

Популарниот корејски кросовер е надграден за моделната 2021 година со извесни рокади во поглед на пакетот на опрема, а тука е и новиот 1.6-литарски благ хибрид. Во Велика Британија, моделот е веќе достапен за нарачки по цена од 22.445 фунти, а првите испораки треба да се извршат до крајот на годината или почетокот на следната година.

За почеток, Kia ги укинала најнепопуларните пакети со опрема, така што веќе не постои влезниот модел ниту врвен. На овој начин, понудата ќе се состои од понизок среден и повисок среден пакет на опрема, како и нов тандем на спортски ориентирани модели со ознаките GT-Line и GT-Line S.

Стандардна опрема за надградениот Sportage со понизок среден пакет вклучува 17-инчни тркала, затемнети електрични прозорци, автоматски бришачи и задни сензори за паркирање. Што се однесува до ентериерот, тука е греењето за предни и задни седишта, двозонска климатизација, мултифункционален управувач обвиткан со кожа и самозатемнувачки внатрешен ретровизор.

Секој модел е опремен со осум-инчен екран на допир на допир, кој нуди навигација и поддршка за Apple CarPlay, Android Auto и гласовна контрола. UVO сервисните услуги на Kia се исто така стандардни, а на возачите им нудат информации во врска со сообраќајот во реално време, информации за камери кои ја контролираат брзината и достапност на места за паркинг во близина.

Примерок од повисокото средно ниво на опрема чини 26.445 евра, доаѓа со LED предни светла, црна заштита на каросеријата, сензори за паркирање и панорамски покрив. Внатрешните додатоци вклучуваат кожен тапацир, електрично прилагодливи предни седишта, греење на воланот, алуминиумски плочки на праговите, електронска сопирачка за паркирање и дисплеј од 4.2 инчи.

Варијантата GT-Line чини 26.660 фунти и всушност е надградба на пониското средно ниво на опрема со бројни спортски акценти. Подобрувањата вклучуваат уникатни 19-инчни тркала, нова маска на ладилникот, дијамантска шема, нови LED светилки за магла и двојни цевки за издувните гасови.

Цените за предводникот Sportage GT-Line S започнуваат од 30.510 евра. Овој модел добива исто ниво на опрема како GT-Line, со додавање на панорамски покрив, врвен JBL аудио систем со осум звучници и пар електрично прилагодливи, загреани и вентилирани предни седишта. Клиентите добиваат и електрично управувана задна врата, безжично полнење на мобилни телефони и камера од 360 степени.

Kia во понудата има и нов дизел со 48-волтна мала хибридна асистенција, кој ќе го замени сегашниот Sportage со 1.7-литарска единица. Новиот систем се состои од 1.6-литарски турбодизел, генератор за стартување управуван од ремен и батерија од 0,44 kWh. Вкупната излезна моќност е 136 КС и 320 Nm максимален вртежен момент.

Погонскиот систем е поврзан со шестстепен мануелен менувач како стандард, иако клиентите по избор можат да се одлучат за седумстепен автоматски со двојна спојка. Со споменатиот пренос, Sportage во „блага“ хибридна верзија до стотка забрзува за 10,8 секунди, со максимална брзина од 180 km/h.

Од Kia велат дека новиот 1.6-литарски MHEV систем обезбедува потрошувачка на гориво од 5,4 литри на 100 километри, додека емисијата на CO2 е 141 g / km.

Ревидираниот Sportage ќе се нуди и со 1.6-литарски бензин на две нивоа на моќност. Основниот модел со атмосферска единица испорачува 132 КС и 160 Nm, додека помоќното турбо 177 коњски сили и 265 Nm. Првиот е достапен исклучиво со погон на предните тркала, додека вториот е достапен со интегрален, иако двата модела се достапни со 6-степен мануелен или со 7-степен автоматски менувач.