Реплика од соништата: Porsche ли е или Тoyota? / ФОТО
За некои поевтино решение е репликата, а оваа Toyota MR „облечена“ во Porsche Boxster е навистина достоен кандидат
Цените на спортските автомобили и воопшто на автомобилите, последниве година две нагло се зголемија, што на многу ентузијасти и го отежнува патот до некој од нив. За некои поевтино решение е репликата, а оваа Toyota MR-S „облечена“ во Porsche Boxster е навистина достоен кандидат.
На огласникот Kaidee Auto Classifieds, репликата навистина остава добар впечаток на германски спортски автомобил за многу помалку пари од оригиналот. И предната и задната маска се сменети за да остават впечаток на Porsche.
Предниот браник е малку поинаков од вистинскиот 986 Boxster и е повеќе во стилот на поновата генерација 718. Ќе се сложите, иако ретко која реплика остава убедлив ефект, со оваа е навистина така.
Задните светла и браникот се преземени директно од спортскиот автомобил на Porsche со средно поставен мотор. Заснован на Toyota MR-S, моторот е на вистинското место. Автомобилот се придвижува со 1.8-литарски мотор со четири цилиндри на Toyota, што значи дека има само 140 КС. Тие бројки се пренесуваат со мануелен менувач, што значи дека барем возење би требало да биде забавно.
Ентериерот е тој што открива сè – инструмент таблата со три мерачи е фабричката, како и централната конзола.
Оваа Boxter реплика се продава во Муанг Лопбури, Тајланд, по цена од 850.000 тајландски бахти, што е еквивалент на околу 24 илјади евра.