Renault Sport и официјално e мртов, да живее Alpine
Замената доаѓа во името Alpine
Првите вести во оваа насока се појавија во септември минатата година, за да во јануари Лука де Мео, новиот шеф на групацијата Renault, потврди дека Alpine ќе го замени Renault Sport, односно дека ќе развива перформантни возила за истоимената марка и за другите брендови во рамките на групата.
Малата револуција започна со преименувањето на F1 тимот Alpine F1. Последната промена во оваа насока датира од 1 мај, кога во седиштето на специјалното одделение на Renault Sport е променето името во Alpine.
„Ние сакаме да станеме премиум спортски бренд кој ќе оди чекор напред во однос на технологијата и иновациите. Нашата експертиза и искуство во конструирање спортски возила ќе ни помогнат во тоа“, вели Лорен Роси, првиот човек на Alpine.
Во Alpine моментално се насочени кон зголемување на својата гама, која наскоро ќе се состои од три модели. Но, засега нема информации кога ќе бидат организирани премиерите на идните адути на францускиот бренд.
Она што е објавено во јавноста е дека Alpine ќе ги преземе сите одговорности на одделот Renault Sport, а снабдувањето на тимовите кои користат возила за учество на тркачки шампионати тече непречено.
Од Renault потврдуваат дека сегашниот Megane RS нема да го смени името, напротив останува верен на традицијата.