Renault потврди дека Scenic ќе се трансформира во електричен SUV

Renault започна напорен процес на целосно ревидирање на гамата, а тоа значи и целосно исчезнување на актуелни модели. Во наредните месеци францускиот бренд ќе повлече моделите како: Talisman, Kadjar, Espace, Scenic…

„Се си има крај. „Ова е циклус кој траеше 20 години, се движиме кон нови технологии“, вели Лука де Мео, шеф на Renault, кој на претставувањето на финансискиот извештај за претходната година го споменува и Scenic.

Според него, идниот модел ќе го напушти концептот MPV и ќе се смести во попопуларниот SUV сегмент.

Renault e-Scenic Render

Освен тоа, Scenic ќе се откаже и од моторите со внатрешно согорување и ќе биде достапен исклучиво како електричен модел. Потврдено е дека ќе биде поставен на CMF-EV платформата, инаугурирана од електричниот Renault Megane.

„Модуларноста останува еден од приоритетите за новиот Scenic“, вели Де Мео и додава дека новата генерација на ова возило ќе стапи на сцена веќе во 2024 година, како и дека ќе изгледа слично на концептот Morphoz во поглед на дизајнот.