По три години од премиерата на компактниот SUV Кadjar, време е за првиот редизајн на овој модел на Французите

На средина од неговиот животен циклус, Renault Kadjar ќе добие помали козметички промени гледано надворешно, а врз основа на „шпионските“ фотографии, на кои се гледа дека автомобилот е камуфлиран напред и позади, може да се заклучи дека дизајнерите интервенирале токму на овие делови.

Редизајнираниот Kadjar ќе добие поинакви преден и заден браник, рестилизирана маска на ладилникот, нови магленки, додека предните светла и задните светла, најверојатно ќе ја задржат сегашната форма со мали модификации.

На задниот дел од автомобилот, видливи се промените на долните светлосни елементи кои се наоѓаат во браникот.

Во однос на моторизацијата, ќе биде интересно да се види дали моделот за 2019 година ќе го добие новиот 1.3-литарски турбо бензински мотор, кој е развиен во соработка помеѓу Daimler и Renault-Nissan група. Овој агрегат е веќе достапен во моделите Scenic и Grand Scenic.

Инаку, новиот бензински мотор е достапен во три конфигурации. Основна, за Energy TCe 115 која произведува 115 КС (85 kW) при 4500 врт / мин и развива 220 Nm вртежен момент при 1.500 врт / мин, а може да се впари само со рачен менувач (другите две единици се достапни и со опционален EDC менувач со двојна спојка).

Во втората конфигурација, Energy TCe 140 испорачува 140 КС (103 kW) при 5000 врт / мин и 240 Nm при 1.600 врт / мин, додека во најмоќната конфигурација, Energy TCe 160 располага со 160 КС (120 kW) при 5.500 врт / мин и 260 Nm при 1.750 вртежи во минута, со рачен менувач, и 270 Nm при 1.800 врт / мин со EDC менувач со двојна спојка.

Претпоставката е дека редизајнираниот Kadjar ќе биде претставен на Саемот за автомобили во Париз, во октомври, а продажбата би можела да започне до крајот на годинава.

Loading...