Производството на Soul со мотори со внатрешно согорување е работа од минатото, а во продажба моделот ќе го има се додека има лагер

Во 2017 година, Kia продала само 12.100 примероци од моделот Soul на европскиот пазар, од кои 5.400 електрични.

Затоа во корејскиот производител одлучиле варијантата со SUS мотори да биде укината, на сметка на електричниот Soul EV кој и понатаму ќе остане во понудата.

Повеќето примероци од електричниот Soul во 2017 година биле доставени до купувачите во Германија, скоро 3.000, иако се верува дека многу од нив преку реекспорт завршиле во Норвешка, на чии патишта има најголем процент на електрични автомобили од сите европски земји.

Порастот на продажбата на Kia Soul EV во Германија продолжува и во 2018 година во која се продадени дури 1.900 единици во првите пет месеци.

Моделот Kia Soul за прв пат беше претставен во 2008 година, додека втората генерација на пазарот пристигна во 2014 година.