Новиот крал во светот на hot-hatch моделите повторно зборува француски. Тоа е новиот Renault Megane RS Trophy-R, еден од најчистокрвните тркачки автомобили денес

Францускиот Renault објави дека на пазарот ќе пушти лимитирана серија од хечбекот Renault Megane RS Trophy-R, кој неодамна постави рекорд за најбрз модел со преден погон на Северниот лак на Нирбургринг. Паралелно со тоа, Французите конечно ги открија и перформансите на возилото.

Новиот Renault Megane RS Trophy-R, кој еден круг на Северниот лак го извозе за рекордни 7 минути и 40,10 секунди, е опремен со 1.8-литарски турбомотор со моќност од 300 КС и 400 Nm вртежен момент. Агрегатот обезбедува забрзување од 0 до 100 km/h за 5,4 секунди, што е за 0,3 секунди побрзо од верзијата RS Trophy. Преносот е 6-степен исклучиво мануелен.

За развојот на hot-hatch моделот е одговорен спортскиот оддел Renault Sport, во соработка со Akrapovič, Brembo, Bridgestone, Öhlins и Sabelt. Новата машина од веќе споменатиот RS Trophy се разликува по екстремните подесувања на шасијата, изменетата аеродинамика и намалената вкупна тежина за дури 130 килограми во однос на RS Trophy.

Целиот карбон дифузер во задниот дел обезбедува дополнителна потисна моќ на автомобилот, а опционалните 19-инчни карбон фелни Fuji Light овозможуваат намалување на тежината за дополнителни 8 килограми.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1CiJ16Z2exL_Q5vBWkchOUIl7m4n8XR-_” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Моделот ќе биде лансиран во лимитирана серија од 500 примероци за селектирани маркети вклучувајќи ги Франција, Германија, Велика Британија, Швајцарија и Јапонија. Цените во Франција започнуваат од 55.000 евра.