Renault и Nissan стануваат еднакви партнери?
Французите предлагаат нова холдинг компанија со еднаков удел
Првите луѓе на Renault конечно нашле начин како да ја зајакнат унијата со Nissan, објави јапонскиот весник Nikkei. Тоа би требало да се случи со понудата на план за формирање на нова холдинг компанија, која ќе биде како капа над двете компании и во која тие ќе учествуваат со еднакви удели, со што интеграцијата би продолжила без Јапонците да бидат загрижени дека ќе останат зависни од Renault.
Се очекува двете компании да номинираат еднаков број членови на одборот на директори на идната компанија, додава весникот, кој сепак не цитира извори од јапонската или француската компанија.
Исто така, се предвидува и трансформирање и балансирање на акциите што компаниите ги имаат едни кај други . Ваквото решение, сепак, тешко дека ќе им се допадне на помалите акционери. Франција е акционер во Рено со 15 отсто од акциите, а толку има и Nissan. Но, уделот на Nissan во Renault ќе се зголеми, додека уделот на Франција ќе се намали на 7-8 проценти. Покрај тоа, седиштето на новата компанија ќе биде во трета земја, на пример, во Сингапур.
Според Nikkei, Renault наскоро треба да го понуди овој план на Nissan, кој е еволуција на планот за спојување кој Јапонците го отфрлија овој месец.
Од Nissan одбиваат да дадат коментар на оваа тема, а изданието Financial Times соопшти дека Nissan и јапонската влада одбиле да учествуваат во преговорите за спојување со Renault.
Тензиите во Алијансата се зголемија во последните години од управувањето на Карлос Гон, но не се намалија и по неговото отстранување и судењето во Јапонија каде против него се покренато четири обвиненија за финансиски злоупотреби и прикривање на приходи. Гон ги отфрли сите обвинувања и најави дека случајот против него е потег на противниците од врвот на Nissan, кои биле против посилно поврзување со Renault и дури спојување со француската компанија.
Последниве години Nissan не успева да ги исполни своите планови во однос на продажбата и профитот, а дел од проблемите доаѓаат од најголемиот пазар на брендот – САД, каде компанијата е №2.
Пред 20 години, Карлос Гон го спаси Nissan од банкрот со парите на Renault со што обезбеди контрола на француската врз јапонската фирма. Renault поседува 43% од Nissan, a Јапонците 15% од Renault.
До неодамна двата гиганти во Алијансата беа управувани преку заедничката компанија Renault-Nissan B.V. која беше затворена минатиот месец по внатрешната истрага на управувањето на Карлос Гон.