Повеќе технологија и повеќе софистицираност за освежениот Renault Talisman

Renault го претстави рестилизираниот Talisman, а освежени се и двете верзии – седан и караван.

Промените во дизајнот на надворешноста се дискретни и вклучуваат малку ресталирана решетка на ладилникот и модифициран преден браник, додека LED фаровите сега се стандардни за сите верзии. LED технологијата е целосно применета и на стоп светлата, кои добиле и декоративна хромирана лајсна.

Кога станува збор за LED фаровите, тие се опционално опремени со LED Matrix технологија. 

Промените во салонот се пообемни, а производителот се обидел да подобри некои практични содржини, но и да ја подобри естетиката на ентериерот.

На располагање е целосно дигитализирана инструмент табла, со екран од 10,2-инчи, а со врвните пакети на опрема доаѓа и голем, 9.3-инчен дисплеј од  Easy Link мултимедијалниот систем.

Функциите за мобилна интеграција како Android Auto и Apple CarPlay се исто така дел од обновената понуда на Talisman. Достапни се и опционални врвни материјали, како тапацир од Riviera кожа, а со пакетот на опрема Initiale Paris и два вида на Nappa кожа.

Новиот Talisman, Renault го опремил и со систем за полу-автономно возење од Ниво 2 кој функционира при брзина до 160 km/h, што значи дека може да го одржува автомобилот во рамките на коловозната лента на автопат, да забрзува до одредена брзина и да успорува, а по потреба и целосно автоматски да го запре возилото.

Покрај тоа, Talisman за 2020 година добил и опционален погон на сите тркала (4Control).

Новиот Talisman е достапен со голем број на нови бои, меѓу кои сива Baltic, црвена Vintage и сива Highland. Во понуда се и нови фелни, и тоа Pierre (17”), Stellar (18”) и Sato (19”).

Моторната гама, кога станува збор за дизели, вклучува 1.7-литарски дизел мотор Blue dCi од 120 или 150 КС, спарен со 6-степен мануелен менувач како и 2.0-литарски Blue dCi дизел мотор со 200 КС, кој моќноста ја дистрибуира преку 6-степен автоматски менувач со двојна спојка EDC. Кај бензинците, Talisman премиерно го добил нов 4-цилиндерски 1.3-литарски turbo со 160 КС и 270 Nm. Моторот е спарен со 7-степен менувач со двојна спојка. На врвот од понудата е TCe 225, 1.8-литарски турбо познат од спортскиот модел Alpine со 225 КС и 300 КС и EDC менувач.

Премиерата пред публика е закажана за почетокот на следниот месец во Женева, а продажбата треба да стартува во јуни.