На тековниот салон за автомобили во Париз, француската марка со прототип го најави враќањето на уште едно долго и со нетрпение очекувано име во автомобилската индустрија

Сериската верзија на Renault 4 се планира да се појави во продажба некаде во 2025 година, кога ќе може да купи единствено во форма на електричен автомобил.

Официјалното име на прототипот е Renault 4ever Trophy, кое е доделено во чест на хуманитарното рели кое се одржува во пустината на Мароко. Годишниот настан е резервиран само за возила со значка Renault 4 и следното лето ќе го прослави својот 25-ти роденден. Концепт возилото е обоено во Gun Metal Silver боја, поставено на тркала со интегрирани бандажи од 19 инчи (255/55 R19).

Срцето на концептното возило е електричен мотор со 134 КС. Вграден е во автомобил кој е значително поголем од оној по кој го добил името. Во должина оди до 4.160 mm, а широк е 1.950 mm. Францускиот производител нагласува дека ќе го смести во истиот сегмент како и многу успешниот Captur. Во овој дух, конструкторот наведува дека преродениот Renault 5 ќе ја игра улогата на електрично Cliо.

Атракцијата на Парискиот салон е висока 1.900 mm, така што Renault 4ever Trophy може да понуди дарежлив клиренс, додека лаците над тркалата се всушност некои аголни форми и тие се со застрашувачки размери во споредба со остатокот од предметот што се тркала.

Внатрешноста на концептот засега не е предмет за кој може да се разговата, но сигурно е дека во однос на просторот, модерниот Renault 4 нема да може да се спореди со оној од кој го наследува името. Употребата на специјална платформа наменета за електрични возила (CMF-BEV) значи дека меѓуоскиното растојание ќе биде максимизирано.

Конструкцијата е таква што можело да се смести батериски пакет со капацитет од 42 kWh. Поставен е помеѓу предната и задната оска и обезбедува автономија од околу 400 километри, се разбира кога е целосно полн со струја. Електричната единица се наоѓа на предната оска и овозможува забрзување од нула до „стотка“ за прифатливи девет секунди.

Како што е секогаш случај, кога станува збор за концепти, и овде не треба да се очекува дека бројните сегашни необични решенија ќе бидат префрлени на сериската верзија, па така не треба да се надеваме на компресори на воздух на тркалата, кровен носач изработен од композитни материјали…

Како и да е, до верзијата за сериско производство ќе трба да почекаме можеби цели три години.